Натпреварот од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Струга ТЛ и Тиквеш е презакажан за понеделник (4. септември) поради настапот на стружани во плејофот од УЕФА Конференциската лига.
Но, на сето тоа се револтирани од кавадаречкиот прволигаш кои преку соопштение прашуваат зошто претходно од Натпреварувачката комисија на ФФМ не се огласиле на нивните барања за поместувања натпревари.
„Натпреварот од 6. коло кој треба да го одиграме против ФК Струга Трим Лум во сабота на 02.09.23, Натпреварувачка комисија на ФФМ го презакажа за 04.09.23, понеделник. Само за потсетување на нашето барање за натпреварот од 5. коло со Воска за кое и двете екипи се согласија да се одигра во понеделник, поради тоа што, пак, во 4. коло не по наша вина бевме приморани да играме во четврток. На тоа не добивме ни писмен одговор. Дали натпреварувачка комисија селективно одговара на барањата на клубовите во Прва МФЛ?“ – се вели во соопштението од ФК Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

