Наполи по долгата потрага конечно најде купец за Ирвинг Лозано, па мексиканскиот интернационалец пред крајот на овој преоден рок ќе го напушти таборот на италијанскиот шампион.
ПСВ Ајндховен ќе биде нов клуб на Лозано, откако холандскиот вицепрвак постигна целосен договор со „наполитанците“ за да го врати Лозано во своите редови. Понудата од 15 милиони евра плус бонуси беше прифатена од страна на Де Лаурентис, за одлична заработка на ПСВ ако се знае дека холандскиот клуб во 2019 година го продаде Лозано на Наполи за сума од 40 милиони евра.
Мексиканецот во текот на утрешниот ден ќе отпатува на лекарски прегледи, по што ќе го потпише тригодишниот договор со холандскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

