Само што го имаше своето деби пред неколку дена, фудбалерот на Барселона Фермин Лопез го продолжи договорот со клубот до јуни 2027 година, соопшти каталонскиот клуб.
Во соопштението се наведува дека играчот има откупна клаузула која изнесува 400 милиони евра. 20-годишниот Лопез во Барселона стигна во 2016 година од Бетис.
Минатата година Лопез ја мина на позајмица во Линарес, а постигна 12 голови играјќи 37 натпревари. Оваа сезона Чави најавува дека сериозно ќе смета на него.
Тој дебитираше на натпреварот со Вилјареал кој заврши со триумф на Каталонците со 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА