Дијао: Проблемот не е кај оние кои не настапија за Франција…

Франција е најголемото разочарување во првата фаза од кошаркарското Светското првенство. Тимот кој претендираше на златен медал нема да игра во нокаут-фазата откако претрпе убедлив пораз од Канада, а протоа прокоцка и двоцифрена предност во дуелот против Летонија.

Капитенот Николас Батум проблемот го најде во политичките причини за отсуство на Томас Ертел, но генералниот менаџер на репрезентацијата, поранешниот легендарен кошаркар Борис Дијао кој вели дека проблемот не е во оние кои недостасуваат во тимот, туку тие што се тука, а не даваат се од себе и делуваат загубено.

„Секогаш кога губите пробувате да најдете објаснување зошто загубивте, но мислам дека на ова прашање не можеме да дадеме одговор веднаш. Треба време да направиме анализа. Не можеме да говориме за тоа кој се појавил на собирот, кој е или не е повреден. Проблемот не е во тие што не се тука, проблемот е во тие што се тука, а се загубени на теренот. Загубивме два натпревари и тоа два многу различни. Мислам дека главниот проблем за анализа е тоа што се предадовме на крајот на натпреварите“, вели Дијао.

Се вчитува...