Модриќ и Меси ќе бидат соиграчи?

Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ вчера беше „уловен“ во друштво со Дејвид Бекам во Хрватска, а средбата на Хрватот и Англичанецот донесе гласини за можен трансфер во Интер Мајами каде асот на Реал Мадрид ќе има можност да заигра со некогашниот ривал Лео Меси.

Триесетиседумгодишникот ќе биде дел од „кралскиот клуб“ уште во сезоната 2023/24 по што ќе следи разделба на деценската соработка, а преселба во првенството на Соединетите американски држави е желба на неговото семејство, откриваат шпанските медиуми.

Со тоа Модриќ би ги заследил стапките на Меси, Бускетс и Алба кои се преселија во Интер Мајами како слободени играчи.

Се вчитува...