Летонскиот кошаркар Даирис Бертанс нема да биде во комбинација за настап до крајот на Мундобаскетот. Летонија досега ја направи најголемата сензација на Светското првенство, исфрлајќи ја Франција во борбите за медал.
Бертанс ја истекна тетивата на коленото. Оваа повреда не е честа во спортот, затоа што стопалото треба да биде под агол, а телото напред за ова да се случи.
Паузата која го очекува е пет недели, но добро е во целата ситуација што не се скинати лигаментите, во спротивно можеби ќе паузираше и една година.
Летонците претходно останаа без Кристапс Порзингис кој е повреден, но е со екипата во Џакарта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА