Данил Медведев одигра импресивно на својот прв меч на УС Опен, славејќи дури и поубедливо од Новак Ѓоковиќ, кој утрово во својот премиерен дуел му препушти само пет гејма на противникот. Наспроти Новак, Медведев беше супериорен во дуелот со Унгарецот Балаш, кој во трите сета освои само два гејма (6-1, 6-1, 6-0). Негов следен противник ќе биде О’Конел, кој во австралиската пресметка славеше над сонародникот Пурсел со 3-1 во сетови.
Александар Зверев рутински го почна настапот во Њујорк, славејќи со максимални 3-0 во сетови над Австралиецот Вукиќ, добивајќи ги трите сета со идентични 6-4.
Пласман во второто коло обезбеди и Беретини, кој славеше со максимални 3-0 во дуелот против Умберт од Франција (6-4, 6-2, 6-2).
На женскиот дел од турнирот, Жабер славеше над Осорио од Колумбија со 7-5, 6-4, додека Корпач од Германија беше подобра од Романката Бегу со 2-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА