Емил Божиновски ќе го контролира судењето на мечот Спарта Прага – Динамо Загреб

Нашиот поранешен најдобар фудбалски судија, Емил Божиновски, сега во групата на највлијателни контролори на судењето во Европа, од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден да го контролира судњето на реванш мечот од плеј оф на Лига на Европа во Прага меѓу Спарта и Динамо од Загреб.

Како што е познато во првиот натпревар Динамо победи со 3:1. Средбата ќе се одигра на 31 август.

Во последните два месеци Божиновски е доста ангажиран на меѓународната сцена. Пред две недели беше контролор во Полска на реванш мечот од второто коло од Лигата на шампионите меѓу екипите Раков и Карабах од Азербејџан /3:2/, пред тоа патуваше за Андора каде го контролираше судењето во Конференциската лига меѓу клубовите Санта Колома и Аз Алкар од Холандија.

М.М.

Се вчитува...