Легендарниот германски голгетер и рекордер по бројот на постигнати голови на Светските првенства Мирослав Клосе, е доботник на овогодинешната „Претседателска награда“ на УЕФА.
Наградата се доделува за исклучителни достигнувања, професионализам и исклучителни лични квалитети.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин од повеќе причини одлучил наградата да му припадне на легендата на германскиот фудбал.
Двапати во својата кариера Клосе одбил да направи корист за себе и за екипите во кои играше поради судиски грешки. Прво во 2005 година додека беше дел од Вердер, после досуден пенал за неговиот клујб против Арминија, барал од судијата да ја смени одлуката, при што судијата прифатил. Седум години подоцна, додека играше за Лацио, Клосе постигна гол против Наполи, судијата го призна, а голгетерот потоа отиде и му кажа на судијата дека играл со рака, после тоа голот е поништен.
„Низ славната фудбалска историја, одредени имиња имаа сјај кој тешко дека ќе се повтори. Едно такво име е Мирослав Клосе. Од скромни почетоци до тоа да стане најдобар стрелец во историјата на Светските првенства, патот на Клосе е најдобар доказ за одлучност и вештина, како и за спортска умешност кое ги надминува границите на професионализмот и самиот спорт. Неговиот однос и решеност да се залага за она што е исправно претставуваат пример за идните генерации во светот на спортот“, вели Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА