Стефан Ристовски го нема во националниот тим, и Енис Барди ќе биде новиот капитен на репрезентацијата. Играчот од средниот ред му беше заменик на Ристовски досега, а сега ќе ја добие улогата на прв капитен.
Неговиот заменик ќе биде голманот Столе Димитриевски.
„Не сум размислувал за капитен, но од претходно Барди беше втор капитен, и тој веројатно ќе ја презеде улогата на прв капитен сега. После него следува Димитриевски“, образложи Милевски.
Селекторот Милевски објасни зошто повик доби Александар Трајковски и покрај тоа што е без клуб.
„Трајковски е без клуб, но Аце е професионалец кој го познавам многу добро, изрази желба да се стави во функција на тимот, физички е повеќе од подготвен, но повторно ќе кажам и за него и за останатите играчи ќе се направи подетална проценка за нивото на подготвеност, и за сите кои имаа проблеми во клубовите, и ќе одлучиме дали и каква минутажа ќе добијат. Имав некои идеи, но тоа ќе ги оставиме за понатаму, затоа што и младиот тим ги почна своите квалификации во септември“, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА