Еуро Никел осигура уште едно засилување за наредната сезона откако потпиша договор со Оливер Двојаковски, поранешниот младински репрезентативец за Македонија.
Тој ја мина последната сезона во дресот на Пелистер, претходно со успех го носеше дресот на Академија ФМП и се очекува Двојаковски да има значителна улога во таборот на кавадарчани, кои со него добија уште еден играч во ротацијата за тренерот Атанас Манев.
За потсетување, кавадаречкиот прволигаш претходно го потпиша и Глигоријевиќ од Куманово како домашно засилување, додека од странците досега се осигурани два потписи, на Американците Дубински и Смит.
Од ланскиот состав остануваат и искусните Соколов, Караколев и Младеновиќ, а шанса ќе им биде дадена и на младите Тоше Златев, Никола Бојчев и Андреј Чадамов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА