Швајцарскиот репрезентативец Адмир Мехмеди, се одлучи да стави крај на фудбалската кариера. Негов последен клуб му беше Анталијаспор, по што по една година играње во турскиот тим, се одлучи да заврши со сите фудбалски активности.
Мехмеди е роден во Гостивар на 16. март 1991 година, но се одлучи да настапува за селекцијата на Швајцарија, каде што го мина поголемиот дел од животот, и за неа има одиграно 76 настапи и постигнато 10 голови.
Мехмеди играше во Цирих, Динамо Киев, Фрајбург, Баер Леверкузен, Волфсбург и Анталијаспор. Инаку тој самиот вели дека одлуката за пензионирање ја донел во Македонија.
„Со семејството бев еден месец во Македонија и им ја соопштив одлуката. Секогаш нивната реакција беше дека и натаму сум млад, меѓутоа после секој разговор ми стануваше јасно дека да се откажам е вистинската одлука за мене. И секој ден се чувстсвувм се подобро“, рече Мехмеди.
Тој во иднина ќе живее во Винтертур, каде што учат неговите две деца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА