ПСЖ со нова понуда, Муани веќе е во Париз

ПСЖ е подготвен за нова и последна понуда за Коло Муани, во обид конечно да постигне договор со Ајнтрахт и да го доведе францускиот голгетер во своите редови. „Светците“ го избраа Муани како идеална опција за предводник на нападот, но никако не успеваат да се договорат со Ајнтрахт околу висината на трансферот бидејќи германскиот клуб инсистира на 100 милиони евра отштета, сума што ја наведе од самиот почеток на летово и не ја спушти во преговорите со сите заинтересирани клубови.

„Светците“ веќе ставија до знаење дека немаат намера да платат 100 милиони евра, но најновата понуда ќе биде во висина од 80 милиони, од кои 70 милиони ќе бидат загарантирани со самиот потпис на договорот, а десет милиони врзани со неколку лесно остварливи клаузули. За да се изврши притисок врз Ајнтрахт, Коло Муани утрово допатува во Париз. Тој не тренираше со остатокот од тимот на Ајнтрахт и му се заканува казна за ваквиот однос на францускиот голгетер е решен на ваков чекор како дополнителен притисок врз сегашниот клуб за да добие зелено светло за преселба на „Паркот на принцовите“.

Челниците на Ајнтрахт утрово испратија порака дека нема да дозволат да бидат уценувани, па останува да се види дали тоа ќе значи и одбивање и на најновата понуда од Париз и задржување на Муани, со кого клубот од Франкфурт има договор до 2027 година.

Се вчитува...