Македонскиот шампион, Струга ТЛ утре од 18:45 часот го очекува реванш средбата од плејофот во УЕФА Конференциската лига против Бредибалик во Исланд.
Исланѓаните информираа дека распродадени се сите билети за утрешната пресметка во Копавогур на стадионот „Копавогсволур“ кој е со капацитет од 3.009 седишта. За Бреидаблик ова е историска шанса за место во групите од Конференциската лига ако се знае дека Исланѓаните имаат предност од 1-0 по победата на првиот дуел во Охрид. Но, и тоа како желба за изненадување постои и во таборот на Шпетим Дуро без разлика на поразот од првиот дуел и без разлика што тимот ќе биде ослабен со неиграњето на Марјан Радески.
„Знаеме дека не чека тежок натпревар, но подготвени сме за овој предизвик затоа што сме свесни дека сме пред историска шанса без разлика на негатива од првиот натпревар“ – истакна Дуро, пред денешниот официјален тренинг на тимот, притоа дополнувајќи:
„Не сме тука во Исланд со бело знаме. Напротив, сигурно ќе атакуваме на победа затоа што сите момци знаат дека нема што да загубат. Не заслуживме пораз на дуелот во Охрид, но таков е дуелот. Сега ќе ни недостасуваат некои првотимци но знам дека сите оние кои ќе настапат се подготвени да го дадат максимумот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА