И Бобан го крена гласот против новото фудбалско правило: Тоа е лудост

Поранешниот капитен на хрватската фудбалска репрезентација, Звонимир Бобан кој е на чело на советодавното тело на УЕФА за фудбалски вредности се изјави против апсурдното правило за дополнително време на натпреварите кое оваа сезона се применува во англискиот фудбал.

Со цел да се надомести целото „потрошено“ време оваа сезона натпреварите во Англија често траат и по 100 минути, нешто што не е во полза на играчите, вели Бобан.

„Тоа е потполно апсурдно. Кога е во прашање доброто на играчите тоа е трагично бидејќи дополнителното време може да биде 12, 13, 14 минути… Од мое искуство кога играш 60-65 минути, посебно како играч од средниот ред, стануваш заморен во последните 30 минути, а некој ти додава уште 15 минути. Досега многупати критички говоревме за календарот и преголемиот број на натпревари. Не ги слушаме играчите и тренерите. Ова е лудост. Тоа е премногу и ние нема да го применуваме. Нашите препораки се други“, вели Хрватот.

Се вчитува...