Вест Хем добива српско засилување?

Вест Хем Јунајтед до крајот на трансфер рокот ќе се обиде во своите редови да го донесе српскиот репрезентативец Филип Костиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Србинот не е во плановите на Јувентус па торинскиот клуб е расположен за негова продажба. Но, со оглед на тригодишниот договор кој крилниот играч го има со најтрофејниот клуб во Италија преселба ќе се случи само доколку пристигне адекватна понуда.

Истата се проценува од 20 до 25 милиони евра, сума која што англискиот премиерлигаш не може да ја одвои веднаш, туку се очекува понуда за едногодишна позајмица со обврска за откупување на договорот.

Се вчитува...