Мисијата на Струга ТЛ за пласман во групите во Лигата на конференции стана уште потешка, откако Бреидаблик има на полувремето водство од 1-0, со кое се стекна уште во 3. минута од натпреварот.
Еинарсон од левата страна убаво се прошета низ дефанзивата, и со прецизен удар го совлада Ќосевски за предност, која важеше на полувремето. Стружани имаа само една шанса во 44. минута преку Ибраими кој шутираше непрецизно.
За чудо на стружани им требаат сега најмалку два гола, но притоа не смеат да примат ниту еден гол за да изборат барем продолженија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА