Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 16 години ремизираше (1-1) против соодветната селекција на Турција на вториот пријателски натпревар одигран во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Раде Каранфилоски беа поквалитетен тим на теренот, имаа и предност од 69. минута, но Турците со гол од пенал во 85. минута се спасија од пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА