Манчестер Јунајтед го комплетираше трансферот на Алтај Бајиндир од Фенербахче, кој пристигна на „Олд Трафорд“ во трансфер вреден пет милиони евра.
Овој 25-годишен голман ќе биде резерва на Андре Онана, воедно Бајиндир денеска стана прв турки фудбалер кој го облекол дресот на најтрофејниот англиски фудбалски колектив, потпишувајќи четиригодишен договор со „црвените ѓаволи“.
„Огромна чест е да се стане дел од Манчестер Јунајтед, да се биде прв Турчин во историјата на овој клуб. Мотивиран сум да дадам се од себе да помогнам за остварувањето на зацртаните цели на клубот кој секогаш напаѓа трофеи во натпреварувањата во кои учествува“, изјави Бајиндир.
Тој доаѓа на местото на Дин Хендерсон, кој пред неколку дена беше продаден на Кристал Палас во трансфер вреден 20 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

