Ливерпул не би требало да има многу проблеми да ја мине групната фаза од Лигата на Европа откако англискиот гигант беше извлечен во групата Е и против себе ќе ги има екипите на ЛАСК од Австрија, Унион од Белгија и Тулуз од Франција.
Најсилна барем на хартија изгледа групата Б каде носител е Ајакс, но ослабениот холандски гигант нема да има нималку лесна задача ако се знае дека за ривали ги доби Брајтон од Англија, АЕК од Грција и францускиот прволигаш Олимпик Марсеј.
Рома, која минатата сезона стигна до финалето во Лигата на Европа, сега во групната фаза ќе се сретне со Славија Прага, Шериф и Сервет, додека српскиот вицепрвак ТСЦ со Мартин Мирчевски во тимот ќе игра против Вест Хем, Олимпијакос и Фрајбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА