Бомба од соседството: Отпишаниот од Јунајтед доаѓа во Црвена Звезда?

Црвена Звезда може да биде следната дестинација за отпишаниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд. Според информациите од Србија, кои се потпираат на пишувањата на „Дејли Мејл“, еден од клубовите кои е заинтересиран за некогашниот англиски репрезентативец е токму српскиот првак.

Ова лето за Гринвуд се распрашуваа Лацио, Гетафе, Олимпијакос, а сега наводно се вклучила и Црвена Звезда. Гринвуд пред неколку дена стана слободен играч, откако Манчестер му го раскина договорот поради обвинувањата за сексуално насилство врз неговата девојка.

21-годишниот Гринвуд игра во нападот, а може да игра и како десно крило, што би му одговарало на тимот на Звезда. Англичанецот одигра 129 натпревари за Манчестер Јунајтед. Поради тоа што е веќе отпишан и од репрезентацијата на Англија, се шпекулира дека ќе го смени и националниот дрес, и ќе игра за Јамајка.

Се вчитува...