Кошаркарите на Литванија со 92-67 ја декласираше репрезентацијата на Грција. Така во оваа група САД и Литванија се сега првопласирани со скор 4-0, додека Црна Гора и Грција со скор 2-2 останаа без шанси за пласман во 1/4 финалето.
Токму директната пресметка меѓу Литванија и САД ќе го одлучи прашањето околу првото место во оваа група. Интересно е да се каже дека Грција на полувремето на натпреварот со Литванците замина со предност, а потоа се случи огромен пад во играта на јужниот сосед, и Литванија го доби вториот дел со неверојатни 53-24!
Јокубаитис со 19 поени и 6 асистенции беше најефикасен во победничкито тим. Кај Грците Вокап најефикасен со 21 поен, а Ларенцакист постигна 17.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

