Коло Муани во следните часови треба да стане нов член на ПСЖ, откако Ајнтрахт Франкфурт побара и доби 90 милиони евра од францускиот првак. Последната понуда на ПСЖ беше 80 милиони евра, а германскиот тим бараше 100, по што двете страни се договорија за 90.
Со тоа, конечно, ќе заврши трансфер сагата околу Муани, со оглед дека двете страни беа долго во преговори, и конечно се договорија.
Коло Муани во последните денови одби да тренира со тимот, и бараше по секоја цена да биде продаден во ПСЖ. Првата понуда беше 65 милиони плус Иго Екитике, нешто кое Ајнтрахт го одби.
Според договорот, тимот од Франкфурт ќе добие 75 милиони евра веднаш, плус 15 милиони евра низ бонуси.
Во германската јавност се шпекулира дека сега Ајнтрахт ќе тргне по услугите на Себастијан Халер од Борусија Дортмунд, со оглед дека „милионерите“ веќе го земаа Никлас Филкруг од Вердер за свој нов напаѓач. Инаку Халер во минатото играше во Ајнтрахт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА