Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино ја опиша трансфер политиката на клубот како нормална. Од доаѓањето на новите сопственици од САД, „сините“ потрошија една милијарда фунти за нови играчи.
Покетино кажа дека не е изнаден од потрошените пари, затоа што, според него, фудбалот сега станал голем бизнис.
„Не знам колку продава клубот. Може да кажете дека сте изненадени или не, но мора да се развиваме. Фудбалот е поинаков денеска. Пред 20 години никој не веруваше дека тоа ќе се случи. Во денешнот време мислам дека е нормално со ваквите суми. Ова е голем бизнис и ние не може да го сопреме. Сите имаме корист од ова. Се работи за рамнотежа. Да, Челси троши многу пари, но и продава играчи. Секогаш е така кога во некој клуб во Премиерлигата ќе дојдат нови сопственици. Нормално е тие да сакаат да го развијат проектот“, коментираше Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

