Манчестер Јунајтед се пофали со Регилон

Серхио Регилон е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Фудбалерот доаѓа од Тотенхем како позајмен до крајот на сезоната. 26-годишниот фудбалер ќе го „крпи“ тимот на Јунајтед, по повредите на Лук Шо и на Тајлер Маласија на левата бековска позиција.

Тој во минатото беше дел од Реал Мадрид, Севилја, Тотенхем и Атлетико Мадрид. Има одиграно шест натпревари за репрезентацијата на Шпанија.

„Во животот секогаш треба да бидеме подготвени за се, и за шансата да се игра за вака голем клуб со ваква историја е нешто кое не се одбива. Зборував со тренерот и ми кажа дека сум потребен, и јас сум подготвен да му помогнама на тимот. Подготвен сум да се борам за место во тимот и да ги покажам моите квалитети“, рече Регилон.

Се вчитува...