Бомба во северен Лондон. Тотенхем во последниот ден од преодниот рок донесе засилување во нападот и на крилната позиција, и тоа најскапото ова лето. Дресот на овој клуб ќе го облече Велшанецот Бренан Џонсон.
Станува збор за играч кого го споредуваат со Герет Бејл, а тргнува и по неговите патеки (Бејл играше долги години во Тотенхем). За неговите услуги Нотингем Форест ќе добие 55 милиони евра плус бонуси, и со тоа ќе биде исполнета желбата на тренерот Ејнџу Постекоглу. Велшанецот беше примарна цел на Тотенхем цело лето, но Нотингем за него бараше многу пари, со што го оддалечи Тотенхем од намерата.
Со тоа Џонсон ќе стане четвртиот најскап трансфер во историјата. Тотенхем повеќе пари одвои само за Таги Ендомбеле, Ришарлисон и Кристијан Ромеро.
За Џонсон Тотенхем веднаш ќе плати 45 милиони евра, а другите 10 за бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

