Младата македонска кикбоксерка Марија Димовска се закити со сребрениот медал на Европското првенство за деца, кадети и јуниори кое се одржува во Истанбул, Турција.
Димовска во финалето на првенството загуби од Србинката Соња Вуксиќ со што се закити со вицешампионската европска титула.
Туркер Исмаил, пак, се закити со бронзен медал на шампионатот откако во полуфиналето загуби од Украинецот Никита Тертишњи 0-3.
„Утре останува уште финалната борба на Силвио Мировски против Гркот Христос Ефстатхиадис, од кого очекувам победа и златен медал“ – ни изјави од Истанбул, претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко.
Македонската кикбокс репрезентација предводена од претседателот Дејан Митровски Урко учествува со шест кикбоксери на европското првенство. На овој престижен кикбокс натпревар учествуваат 1640 натпреварувачи во 2079 натпреварувачки влезови од 38 европски држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА