Вест Хем и до трета победа во Премиерлигата, го совлада Лутон на гости (ВИДЕО)

Екипата на Вест Хем дојде и до третата победа во четвртиот натпревар во Премиерлигата, откако вечерва го совлада составот на Лутон со 0-2.

„Чеканите“ лесно дојдоа до триумфот, со головите на Боувен во 37. минута, и на Зума во 85. минута од средбата. На стартот од вториот дел на готите им беше поништен гол на Емерсон. Лутон на крајот само успеа да намали преку Андерсен.

Вест Хем сега е првопласиран на табелата барем до утрешните натпревари во првенството со одлични 10 бода од четири меча.

Се вчитува...