Леао и даде спектакуларен гол на Рома за кој честитки доби и од Жозе Мурињо (ФОТО)

Милан ја забележа третата победа во новата сезона од италијанското првенство. „Росонерите“ во Рим славеа против Рома со 2-1 во натпревар во кој спектакуларен гол постигна Рафаел Леао.

На почетокот на второто полувреме Португалецот со противник на грб речиси легнат од полуволеј успеа да упати обид кон противничкиот гол и стрелаше спектакуларно, а при аут линијата честитки доби и од тренерот на Рома, Жозе Мурињо кој му подаде рака.

Се вчитува...