Вардар конечно со победа во Прва лига, дербито во Тетово без голови, победи за Воска и за Силекс (ВИДЕО)

Вардар ја запиша првата прволигашка победа сезона славејќи со 2-1 против Македонија ЃП во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига. Воска Спорт во Охрид славеше со 2-0 против Брегалница, а дербито во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи заврши без голови. Силекс и со играч помалку дојде до триумф од 1-2 на гостувањето против Гостивар.

„Вардарци“ целокупната задача си ја завршија во првото полувреме кога беа постигнати двата погодоци.

На крај, буквално во последните секунди од средбата, „лавовите“ постигнаа само почесен гол за ублажување на поразот за конечни 2-1.

Воска спорт, пак, триумфираше против Брегалница во Охрид исто така со 2-0. Уште во 14. минута од натпреварот Воска спорт поведе по една прекрасна акција со голот на Алекса Марушиќ…

Брегалница беше подобра во вториот дел, но откако не успеа да искористи неколку можности за израмнување, на крај во 87. минута следеше казната на спротивната страна кога, по една катастрофална грешка на Лвалива, Марушиќ постигна убав гол лобувајќи го гостинскиот голман за 2-0.

Силекс, пак, иако играше со фудбалер помалку цело второ полувреме успеа да дојде до победа од 1-2 на гостувањето против Гостивар.

Благодарение на автоголот на Гоба Закпа во 40. минута од средбата кратовци дојдоа до предност.

Само еден ден откако потпиша за Гостивар, Ангелче Тимовски имаше супер-деби во дресот на новиот прволигаш кој во првиот свој меч за гостиварци постигна евро-гол во 64. минута за израмнување на резултатот.

Но, по една грешка на домашните, Марко Ѓоргиевски мајсторски по брз контранапад изнуди пенал за Силекс, кој Ристовски успешно го реализираше во 75. минута за 1-2.

Дербито во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи, како и натпреварот меѓу АП Брера и Работнички во Струмица завршија без голови.

ПМФЛ – 6. КОЛО
Охрид: ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА 2-0
Марушиќ 14′, 87′
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
Мицевски 25′(п), Омерагиќ 33′ – Величковски 90’+3
Гостивар: ГОСТИВАР – СИЛЕКС 1-2
Тимовски 64′ – Закпа 40′(аг), Ристовски 75′(п)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0-0
Струмица: АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 0-0
Понеделник (4. септември, 16 ч.)
Струга: СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...