Манчестер Сити ја продолжи перфектната низа на победи од стартот на Премиерлигата откако во 4. коло славеше со 5-1 против Фулмам. Херојот на „граѓаните“ беше Халанд кој постигна хет-трик, а забележа и една асистенција.
Убедлива победа од 2-5 забележа и Тотенхем на гостувањето кај Барнли. „Петлите“ имаа негатива уште од 4. минута, но успеаја да направат целосен пресврт веќе до полувремето, а потоа да приредат и мирен финиш за нови три бода.
Брентфорд и Борнмут ремизираа со 2-2, додека Челси забележа разочарувачки пораз од Нотинхем форест со 0-1 на „Стемфорд Бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

