Новиот стратег на ПСЖ, Луис Енрике изрази задоволство од трансфер периодот во кој неговиот тим и покрај тоа што остана без неколку доскорешни клучни фудбалери како Меси и Нејмар, стигна до неколку млади одлични засилувања.
Во последниот ден од летниот преоден рок на „Паркот на Принцовите“ стигна и францускиот репрезентативец, младиот Рендал Коло Муани кој шпанскиот стратег верува дека е „полн погодок“ и може многу да му донесе на тимот.
„Мислам дека во овој момент со оглед на околностите не можевме да одработиме подобар преоден рок. Не ни требаше никој во средниот ред, таму имаме доволен број на квалитетни играчи. Коло Муани и Баркола се многу добри засилувања бидејќи можат да играат на повеќе позиции и јас преферирам такви играчи.
Коло Муани е навистина луксузно засилуваање. Со оглед на тоа што е Французин ни го зголемува идентитетот на клубот. Го следевме и мислам дека многу ќе ни ја подобри играта. Подготвени се за сезоната, на секоја позиција имам барем двајца квалитетни фудбалери“, изјави Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА