Руди Гарсија почна да ги разочарува навивачите на Наполи, пред се со пристапот што новиот тренер го има при работата со „наполитанците“. Во голем дел од мечот италијанскиот првак беше немоќен да го скрши отпорот на цврстата одбрана на „лацијалите“, кои со два гола на спротивната страна го натераа Наполи на капитулација.
„Заслуживме да водиме на полувреме бидејќи игравме одлично од самиот почеток, но не ги искористивме шансите што ги создадовме. Во вториот дел се мачевме, имавме толку многу шутеви, но ниту еднаш не го погодивме голот на противникот. Една работа мораме да научиме, ако веќе не можеме да победиме, барем да најдеме начин да не ги губиме тие натпревари. Ни недостигаше цврстина во одредени сегменти во играта во одбрана, а тим како Лацио знаеше како да го казни тоа“, изјави Гарсија.
Елиф Елмас повторно не доби шанса меѓу стартните единаесетмина, но македонскиот „дијамант“ овојпат не влезе во игра ниту во второто полувреме кога Наполи бркаше резултат, знак дека Гарсија не смета премногу сериозно на помошта на Елиф на стартот од сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

