Нов шпански ветеран го наследи Иниеста во Висел Кобе

Јапонскиот прволигаш Висел Кобе најде нов Шпанец како замена за Андрес Иниеста, кој по пет години во оваа држава реши да си замине од клубот.

Изборот падна врз Хуан Мата, 35-годишниот ветеран кој денеска потпиша едногодоишен договор со Висел Кобе. Мата беше слободен играч откако му истече договорот со Галатасарај, на маса имаше неколку понуди за враќање во Шпанија, но се реши за нов интернационален предизвик пред самиот крај на кариерата.

Мата во текот на својата блескава кариера има пехар во Лигата на Шампионите со Челси, а беше дел и од шампионската генерација на Шпанија која стана светски првак на Мундијалот во 2010 година.

Се вчитува...