Копчаревски поднесе оставка од функцијата претседател на Македонија ЃП

Неочекувано, барем за луѓето во клубот, играчите и навивачите на Македонија ЃП,Љупчо Копчаревски, популарниот Копчар поденесе оставка на претседателската функција по низа години успешно раководењето на „жолтите“ од Ѓорче Петров. Со Копчаревски, како претседател и  мнозински сопственик на клубот се поврзани сите најголеми успеси на Македонија Ѓ.П. Три освоени  Купа на Македонија, пет учества во финалните натпревари, настапи на фудбалерите од Ѓорче Петров во европските купови, долгогодишно учество во Првата лига на Македонија.

Речиси целиот свој живот Љупчо Копчаревски го мина посветено на својот клуб, од мал како навивач, па се до претседателската функција за да на крајот биде и сопственик на својата љубов Македонија Ѓ.П, фудбалскиот миленик на оваа популарна скопска општина.

„Време е веќе за пензија. Поднесувам оставка на функцијата претседател на ФК Македонија Ѓ.П ,но ќе останам во клубот кој е во моја сопственост како советник, да помогнам колку што можам. Немам веќе сили за оваа функција, годините притискаат. За овие петнаесетина години, можеби и повеќе како сум на чело на клубот, некако секогаш јас бев „виновникот“ за се што се случувало надвор од клубот, инциденти,тепачки меѓу навивачите,секогаш  јас морав да  бидам тој што ќе го гаснеше оганот. Само оние, кои совесно  и со љубов ја вршат оваа  функција, кои се  борат со финансиски и други проблеми ,кои се  грижат за фудбалерите, на кои им е практично  „татко и мајка“ знаат колку е тешко да се биде претседател на еден фудбалски клуб и тоа прволигаш. Доста е веќе, друг сега нека мисли на тоа, редно е и јас малку да се одморам од сето тоа“, ни изјави Копчаревски, притоа дополнувајќи:

„Наскоро ќе одржиме годишно изборно собрание на клубот, на кој ќе биде избран нов претседател, јасно близок до моето семејство, бидејки ФК Македонија ЃП е мое семејство, било и ќе остане и во иднина“.

  М.Мицковиќ

Се вчитува...