Холандскиот возач Макс Ферстапен постав рекорд на Формула 1 по бројот на едноподруго победи.
Возачот на Ред Бул славеше на трката во Монца за Големата награда на Италија што е негова 47-ма победа во кариерата, десетта во низа.
Со тоа го собори рекордот на поранешниот член на австриската екпа, Себастијан Фетел кој во 2013 година врза девет едноподруго победи.
Ферстапен во Монца не стартуваше од пол-позицијата, која ја зазеде возачот на Ферари, Карлос Сајнс. Шпанецот киксна во 15-от круг кога водечкиот во генералниот пласман изби на чело и со сигурно возење до крај ја заврши трката. Но, за Сајнс не беше тука крај на разочарувањата, па го престигна и Серхио Перез во финишот на трката, така поставувајќи го крајниот распоред на подиумот.
Првите пет ги заокружија и Шарл Леклер и Џорџ Расел, па следеа Луис Хамилтон, Алекс Албон, Ландо Норис, Фернандо Алонсо и Валтери Ботас.
Следната трка на програмата е на 17. септември во Сингапур.
TEN OUT OF TEN! @Max33Verstappen makes history at Monza by winning an incredible TENTH race in a row, a new F1 record!#ItalianGP #F1 @redbullracing pic.twitter.com/e6ktbYYMAb
— Formula 1 (@F1) September 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА