Познати сите четвртфинални двојки и распоредот: Нокаут-фазата ја отвораат Србија и Литванија

Со супердраматичниот дуел меѓу Канада и Шпанија беше заокружена и втората групна фаза од СП 2023, по што се познати и четвртфиналните двојки од почетокот на разврската во битката за медали. Согласно распоредот, утре е слободен ден на шампионатот, по што за вторник и среда се закажани по две четвртфинални средби.

Литванија со победата над САД го освои првото место во својата група и за ривал ја доби Србија, меч што ќе биде и прв на програмата од четвртфиналните пресметки, во вторник со почеток во 10.45 часот.

Американците како второпласирани ќе се сретнат со Италија, меч во кој се апсолутни фаворити и кој ќе се игра со почеток во 14.40 часот во вторник.

Програмата в среда ќе ја отвори дуелот Германија – Летонија во 10.45 часот, а последен дуел е оној меѓу Лука Дончиќ и Словенија против селекцијата на Канада.

СП 2023 – ЧЕТВРТФИНАЛЕ 

05. септември (10:45 ч.): ЛИТВАНИЈА – СРБИЈА

05. септември (14:40 ч.): САД – ИТАЛИЈА

06. септември (10:45 ч.): ГЕРМАНИЈА – ЛЕТОНИЈА

06. септември (14:40 ч.): СЛОВЕНИЈА – КАНАДА

Се вчитува...