Арсенал во извонредно драматичен натпревар славеше со 3-1 против Манчестер јунајтед во Лондон во 4. коло од Премиерлигата, и тоа со два гола во судиското продолжение на дуелот.
Првите возбудувања на натпреварот се случија само во една минута во првото полувреме.
Најпрво Рашфорд во 27. минута донесе предност за „црвените ѓаволи“, а потоа во 28. минута Одегард израмни на 1-1 за домашниот состав.
Манчестер јунајтед постигна гол во 89. минута, но беше поништен поради офсајд позиција по реакција на ВАР-судијата.
Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, следеше драмата во судиското продолжение. Најпрво Деклан Рајс во 96. минута донесе 2-1 за Арсенал, а конечните 3-1 ги постави Габриел Хесус во 101. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

