Интер ја „здроби“ Фиорентина за максимален ефект и по третото коло (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер дојдоа и до третата победа на стартот од сезоната во Серија А, убедливо триумфирајќи со 4-0 во пресметката против Фиорентина.

„Нераѕурите“ поведоа со голот на Турам уште во 23. минута од средбата.

Во второто полувреме следеа уште три погодоци, Лаутаро Мартинез во 53. минута зголеми на 2-0, Чалханоглу во 58. минута донесе 3-0 а Мартинез со својот втор гол во 73. минута заокружи за конечни 4-0.

Во вториот натпревар попладневно, Торино славеше против Џенова со 1-0, со голот на Радоњиќ во четвртата минута од судиското продолжение.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...