Турција е европски првак во одбојка за жени

Турција е нов европски шампион во одбојка за жени откако Турчинките во супердраматично финале славеа над Србија со 3-2 во сетови Во финалето што се играше во Брисел во главна улога беше турската репрезентативка Мелиса Варгас, која освои 41 поен и ја донесе првата европска круна во историјата на турската одбојка.

Србинките имаат за што да жалат ако се знае дека имаа предност од 1-0 и од 2-1 во сетови, но потклекнаа кога беше најважно. Турција најпрвин го освои четвртиот сет со 25-22, а потоа во супердраматичниот тајбрејк ја искористи втората меч-топка преку Варгас и триумфираше со 15-13, за прекин на „црната серија“ од шест порази од Србија на големите натпреварувања.

Тијана Бошковиќ освои 36 поени за Србија, но загуби здив во решавачките моменти за разлика од Варгас, која ги освои последните поени за Турција и ја искачи својата селекција на тронот.

Се вчитува...