Ѓоковиќ го „збриша“ Хрватот Гојо за четвртфинале на УС Опен

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на УС Опен откако лесно славеше во натпреварот против хрватскиот тенисер Борна Гојо со 3-0.

Србинот првиот сет го доби со 6-2, во вториот славеше со 7-5, а во третиот со 6-4 во натпреварот кој траеше два и пол часа.

Во четвртфиналето Новак Ѓоковиќ силите ќе си ги одмери со Тејлор Фритц.

Се вчитува...