Фантастична акција на триото од Барселона во новата победа на Интер Мајами (ВИДЕО)

Интер Мајами предводен од некогашното трио на Барселона – Лео Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба забележа нова победа во американското првенство, овој пат во Лос Анџелес на гостувањето кај истоимениот тим од 3-1.

Интер Мајами беше подобриот противник од самиот старт, а до предност стигна во 14. минута по голот на Фариас. Овој резултат остана на семафорот до 51. минута кога Меси, Бускетс и Алба комбинираа за фантастична акција која долго ќе се врти по најавните шпици.

Во 83. минута Кампана на асистенција на Меси ја завери победата со гол за 3-0, а поразот го ублажи Холингсхед во 90. минута.

Се вчитува...