Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо се побуни против тренерот Ерик тен Хаг откако по поразот од Арсенал в 4. коло од Премиерлигата Холанѓанецот изјави дека англискиот репрезентативец не е во составот поради лоши настапи на тренинзите.
Дваесетитригодишниот напаѓач својот поглед на работите го откри со соопштение на социјалните мрежи.
„Ве молам не верувајте на се што ќе прочитате. Нема да дозволам луѓе да говорат работи кои се потполни невистини.
Оваа недела многу добро работев на тренинзите. Верувам дека постојат други причини за одлуката на тренерот во кои нема да навлегувам. Долго време бев жртвено јагне што е во ред. Само сакам да играм фудбал со насмевка на лицето и да допринесувам за својата екипа. Ги почитувам сите одлуки кои ги носи стручниот штаб, играм со фантастични соиграчи и благодарен сум на тоа, а знам дека секоја недела е нов предизвик. Ќе продолжам да се борам за овој грб без оглед на се“, стои во соопштението на Санчо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

