Ѓоковиќ: Подготвен сум за Фриц и за американската публика

Новак Ѓоковиќ е чекор поблиску до освојување на 24. грен-слем титула откако во осминафиналето на УС Опен лесно се справи во хрватскиот тенисер Борна Гојо и закажа четвртфинален натпревар против американскиот тенисер Тејлор Фриц.

По мечот Србинот даде осврт на настапот против Гојо, а го прокоментира и следниот предизвик за кој вели дека е подготвен да игра и против публиката.

„Имав добар почеток на мечот за разлика од дуелот со Џере. Задоволен сум од нивото на мојата играм. Мислам дека со многу оптимизам влегувам во втората недела.

Добро ќе се подготвам, ќе гледам натпревари на кои игравмe еден против друг посебно оној последниот во Синсинати. Гледам позитивно на тоа, игравме неколку пати. Сервисот и форхендот му се најсилни страни, многу и напаредна има одлични тренери и сигуно ќе биде мотивиран. Ќе има и голема поддршка, но веќе многу пати се имам најдено во такви ситуација“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...