Серхио Рамос е слободен фудбалер и долго тактизира и ги држи на чекање понудите од Ал-Итихад, Интер Мајами, но и клубови од Турција. Рамос постојано изјавуваше дека неговата желба е да се врати во матичниот клуб Севилја и таму да ја заврши кариерата.
Неговите желби не наидуваа на позитивен одговор од раководството на клубот, кој летово западна во големи финансиски проблеми, но веројатно во последен момент се случи пресврт. Како што објавува експертот за трансфери, Фабрицио Романо, договорот меѓу Севилја и Рамос е постигнат и сега се очекува само официјалната промоција.
Серхио Рамос ја мина академијата на Севилја и во сезоната 2004/2005 дебитираше за првата екипата на клубот од Андалузија, а веднаш потоа премина во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

