Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека рекордните десет последователни победи во Формула 1 на возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, се „целосно неважни“.
Ферстапен победи на трката за Големата награда на Италија во Монца во неделата и постави рекордни десет последователни победи.
Зад него еСебастијан Фетел, кој во 2013 година, возејќи исто така за Ред Бул, забележа девет победи. Тимот на Ред Бул е рекордер со 15 последователни победи.
„За мене ваквите рекорди се сосема неважни. Беа неважни и во деновите на нашите победи во Мерцедес. Не знам колку последователни победи постигнавме. Не ни знаев дека се брои”, изјави Волф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА