Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана потврди дека повторно ќе брани за репрезентацијата на Камерун.
Селекторот на репрезентацијата на Камерун, Ригобер Сонг, пред една недела го повика Андреа Онана за натпреварот со Бурунди во квалификациите за Африканскиот куп. Во декември минатата година, по завршувањето на Светското првенство во Катар, Онана објави дека повеќе не сака да брани за репрезентацијата на Камерун.
Сонг поради недисциплина го отстрани голманот на Манчестер Јунајтед од селекцијата на Мундијалот во Катар.
„Во светот на фудбалот, исто како и во животот, има одлучувачки моменти кои бараат клучни избори. Последниве месеци се соочувам со разни неправди. Сепак, мојата љубов е врзана за мојата татковина, Камерун. Мојата желба да ја претставувам мојата земја никогаш не ме поколеба. Решив да одговорам на повикот на мојата нација. Ова е време да се обединиме, да работиме во хармонија за нашето општо добро, а тоа е Камерун“, напиша Онана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

