Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони е обвинет дека и нанел физички повреди на својата поранешна партнерка.
Бразилката Габриела Кавалин во интервју за „UOL“ изјавила дека Ентони ја малтретирал неколку пати во периодот од јуни 2022 година до мај тековната година. Таа вели дека при последниот конфликт фрлил чаша кон неа, а таа се здобила со многу длабока расекотина на прстот во обид да се одбрани.
Габриела во јуни го пријавила случајот во полиција во Сао Паоло, а бразилските медиуми тврдат дека контактирала и со полицијата во Манчестер. Ентони се изјасни за невин во јуни. Таа изјавила дека ја удирал во главата и дека во неколку наврати и се заканувал и повредил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

