Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда соопшти дека го раскинал договорот со Мирослав Радуљица.
„Црвено-белите“ известуваат дека Радуљица во Црвена звезда пристигна како поранешен капитен на српската репрезентација на почетокот на септември 2022 година и со своето однесување на и надвор од теренот достоинствено и чесно ги исполни обврските и го носеше „ црвено-белиот дрес.
Минатата сезона со Црвена звезда ја освои титулата српски првак и Купот Радивој Корач. Во соопштението на Црвена Звезда се наведува дека Радуљица играчката кариера ќе ја продолжи во Грција. Грчките медиуми претходно најавија дека српскиот центар кариерата треба да ја продолжи во Марусија.
Пред Црвена звезда, Радуљица играше за Гојанг, Жеџијанг, Џиангсу, Олимпија Милано, Панатинаикос, Минесота, Шандонг, Милвоки, Азовмаш, Партизан, Алба, Ефес, Борац и ФМП. Со репрезентацијата на Србија го освои среброто на Европското првенство во 2009 година, на СП во 2014 година и на Олимписките игри во 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

