Јоветиќ ќе биде ново засилување за Олимпијакос

Црногорскиот фудбалски репрезентативец Стеван Јоветиќ потпиша договор со Олимпијакос, пренесуваат грчките медиуми.

Јоветиќ е во Атина каде по лекарските прегледи ќе биде претставен како ново засилување на грчкиот клуб.

„Навистина сум среќен што сум тука. Олимпијакос е голем клуб, со голема историја и успеси. Разговаравме две недели и сите се потрудија да ме донесат. Многу сум горд“, изјави Јоветиќ.

Грчките медиуми пренесуваат дека црногорскиот фудбалер потпишал едногодишен договор со Олимпијакос со можност за продолжување на уште една сезона. Јоветиќ кариерата ја почна во Партизан, а потоа играше за Фиорентина, Манчестер сити, Интер, Севилја, Монако и Херта. За репрезентацијата на Црна Гора настапи на 68 натпревари и постигна 31 гол.

Се вчитува...